Финансиски Асистент

За компанијата: Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2023
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 02.02.2023
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: be-da.mk/
  • Facebook: bedalogistic

Активни огласи од BE-DA Logistik:

Асистент во финансии

БЕ-ДА Логистик Дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.

Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:

 

ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ


Потребни квалификации:

  • Економски факултет-предност насока сметководство и ревизија,
  • Работно познавање на компјутери и програми за канцелариско работење,
  • Одлично познавање на компјутерски алатки MS Office, Windows XP
  • Работно искуство во финансии/ сметководство мин. 1 година,
  • Искуство во Helix софвер-Zonel-ќе се смета за предност, 
  • Познавање на англиски јазик,

 

Личен профил:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Одговорност, професионалност, точност и експедитивност 
  • Лојалност, иницијативност, флексибилност и енергичност
  • Способност за тимска и самостојна работа
  • Способност за работа под притисок
  • Претпазливост, прецизност и внимателност во работата;

 

Опис на работното место:

  • Административно, канцелариско и архивско работење,
  • Изготвување на фактури и книжење,
  • Примање и заведување на пошта,
  • Комуникација со клиенти,
  • Наплата на побарувања,
  • Водење на електронско банкарство,
  • Извршува писмени дневни, неделни и месечни извештаи за својата работа,
  • Се грижи за усовршување на знаења и вештини за подобро извршување на работните задачи

 

Доколку сте  енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување  во областа на административно-финансискиот дел на нашата компанија и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »