(преземи го огласот како слика)

Оглас за специјалист за продажба и набавка
Основна во 2009 година, Смелт-Инг ДОО со главно седиште во Скопје е водечка компанија во трговијата со електро материјали во Северна Македонија. Успешно ја насочивме нашата структура кон создавање на вредност за клиентите истовремено оджувајќи чекор со се побрзите животни циклуси на производите, пократките рокови на нарачки и испораки. Нашите резултати на пазарот се засноваат на флексибилноста, пократкото време на одговори, ефикасност на ресурси како и повисок квалитет на производство и навремена испорака.
Нашите активности се зголемија со формирањето на нова фабрика од 2000м2 во Велес, за монтажа на полиестерски дистрибутивни ормари. Согласно барањата на пазарот, во 2011тата година започнавме со производство на делови од ормари, оставајќи значителен отпечаток во металопреработувачката индустрија
Личен профил за кандидатот:
- Дипломиран електро инженер/ дипломиран економист
- Најмалку 5 години работно искуство
- Познавање на англиски јазик
- Познавање на пакетот Microsoft Office
- Поседување на возачка дозвола - Б категорија
- Способност за самостојна и тимска работа
- Можност за ангажирање надвор од Скопје
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи
Одговорности и задачи:
- Грижа за продажба на целосно портфолио производи на компанијата
- Креирање соодветен асортиман, соодветни количини и имплементација на нови продукт категории и артикли;
- Идентификација на потреби на клиенти и зготвување соодветни понуди и решенија;
- Планирање и координација на активности;
- Комуникација со добавувачи;
- Изработка на извештати;
- Аналитика на продажба и побарувачка
Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи (CV, доказ за завршено образование, сертификати и лиценци) на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - позиција за која се конкурира". Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.