Бараме Лиценцирани Негователки кои ќе станат дел од нашиот тим
Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различноста и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерното и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.
Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на Лиценцирани негователки - кои би работеле како БЕЈБИСИТЕРКИ повремено по неколку часови, кога одредено семејство има потреба од тоа
Локации: Карпош, Центар, Црниче, Влае, Аеродром, Ново Лисиче
НАДОМЕСТОК: 200 МКД од час
Најчести ангажмани: Во текот на вечерните часови, сабота и недела
Клучни одговорности на бејбиситерката(според барање на семејството):
- Придружба, играње и занимавање со детето/децата
- Давање на оброк
- Прошетка
- Пресоблекување/бањање
- Читање на прикаски
- Заспивање
- Пречекување на родителите
Квалификации и вештини:
- Лиценца за неговател / Лиценца за воспитувач
- Одлични комуникациски вештини
- Посветеност на професијата, континуирана едукација и напредување
- Сериозна и стабилна личност
Нудиме:
- Можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување,
- Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата,
- Пријавување во работен однос,
- Можност за едукација,
- Присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена област.
Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 08 ноември 2017 година.
Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.
[најави се за да го видиш е-маилот]
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.babysittingmk.com