Деловен асистент

  • Објавен пред 4 дена
  • Блу Белл Складиште
  • Активен до 15.07.2024
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

БЛУ БЕЛ СКЛАДИШТЕ ДОО е логистички центар во Скопје, воедно и единствениот контејнерски терминал во границите на Р.С. Македонија. Блу Бел располага со површина од 41.332 м2, железничка пруга од 799 метри и капацитет за сместување на 915 TEU контејнери.

Во моментов отворена е следната работна позиција за вработување на определено време:

Деловен асистент

Опис на работни задачи:

  • Водење на административни процедури поврзани со човечките ресурси
  • Подготовка и архивирање на документи за деловна коресподенција
  • Набавка на канцелариски материјали и други средства за работа
  • Логистичка и административна поддршка во исполнувањата на секторските барања и на работата на одговорните лица
  • Прием и проследување на документи
  • Следење и примена на процедури за канцелариско и архивско работење
  • Подготовка на евиденции и заклучоци за работењето, како и презентирање на информациите пред одговорните лица
  • Вршење нарачки и проверка на усогласеност во спецификацијата на фактури
  • Прием на клиенти и организациска поддршка за остварување на деловни средби
  • Организација и архивирање на влезни и излезни фактури и активна координација со сметководството

Бараме:

  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работење во Microsoft Office
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.

Способности и професионални вештини:

  • Организираност, трпеливост, аналитичност и систематичност во работењето
  • Самоиницијативност и проактивност
  • Деловна доверливост и професионалност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за тимска работа
  • Почитување и примена на пропишаните процедури  и  интерни  акти;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »