Градежен техничар

  • Објавен на 6.2022
  • ЛАБИНО ТРЕЈД
  • Активен до 05.07.2022
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Скопје

Активни огласи од ЛАБИНО ТРЕЈД:

Економист - сметководител

(преземи го огласот како слика)

Бараме градежен техничар

Ве покануваме да се придружите на нашиот тим.

Имаме потреба од следна работна позиција, на полно работно време:

ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР

Квалификации:

  • Завршено високо образование (со диплома)
  • Работно искуство во градежништво најмалку 3 години
  • Напредно познавање на MS Office (напредно користење на MS Excel)

Способности и вештини:

  • Посветеност на работа
  • Уредност, одговорност и прецизност
  • Добри познавања од градежна сфера
  • Познавање на законодавство во сфера на градежништво или спремност за запознавање на законодавството
  • Почитување на рокови
  • Самоиницијативност и способност да се работи самостојно и во тим

Работни обврски:

  • одредување на термини и услови за изградба;
  • планирање на процедурите на градба и извршување на припрема за градба;
  • набавка и проверка на квалитет и количини на градежни материјали;
  • организирање и координирање на материјалните и човечките ресурси;
  • преглед и инспекција на напредокот на работата на објектите со нивно редовно обиколување;
  • надгледување на опремата на градилиштето и обезбедување соодветни и безбедни услови за работа;
  • учествување на теренски и лабораториски испитувања на градежни материјали, производи и конструкции;
  • надзор на градилиштето, координирање и усогласување на работата според градежни проекти;
  • комуникација со клиенти во врска со недвижности и градежно-технички прашања;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на работници.

Ние нудиме:

  • Месечни примања, соодветни на пазарот на труд во државата
  • Работа од Понеделник до Петок од 08.00 до 16.00
  • Работа во добар колектив
  • Можност за професионален раст.  

Доколку сте заинтересирани за работа во здрава работна средина со професионален тим на ЛАБИНО ТРЕЈД ДООЕЛ, испратете го вашето CV  со назнака „Градежен техничар“ на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »