Самостоен соработник за премиско сметководство

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен соработник за премиско сметководство

  • Врши книжење на сите уплати од премија;
  • Врши книжење на сите уплати на средства на сметките на Друштвото;
  • Ги следи побарувањата и обврските на осигурениците;
  • Остварува контакти со сите добавувачи, надворешни соработници и други правни лица, разменува информации околку исплатите направени на нивните сметки, ја следи состојбата на долг и слично;
  • Ги обработува аналитичките податоци на побарувања од премија според местото на остварената продажба, како и според видови осигурувања;
  • Ги обработува аналитичките податоци на сите конто сметки за побарувања кои ги има Друштвото кон трети лица, како и по основ на побарувањата кои трети лица ги имаат кон Друштвото;
  • Ги следи побарувањата и обврските на осигурениците;
  • Врши и други работи по барање на претпоставени лица.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Завршено високо образование VII/1 степен;
  • Работно искуство на иста или слична работна позиција 3 (три) години;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавањето на Турски или Албански јазик се смета за предност;
  • Напредно користење на MS Office (Word, Excel, Microsoft Outlook);
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за тимска работа;
  • Преземање на инцијатива и позитивен пристап кон работните обврски.

Бенефиции:

  • Платено приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;
  • Тим билдинг и спортски активности, активности за мотивација на вработени.
  • Слободен ден за роденден;
  • Подароци за вработени во определени прилики (роденден, новороденче и сл.)
  • Други бенефиции.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Оглас за вработување на “Самостоен соработник за премиско сметководство”.

Со доставувањето на вашата апликација, потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за намената од овој оглас. Податоците ќе бидат избришани во рок од 1 година од приемот. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »