Координатор за човечки ресурси

За компанијата: MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Нашите брендови на часовници и накит се застапени во 15 продажни... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2021
  • MY:TIME
  • Активен до 22.11.2021
  • Позиција: HR (човечки ресурси)
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.mytime.mk
  • Facebook: mytimemk

Доколку ја обожаваш работата со луѓе и главниот мотив ти е целокупното задоволство на сите колеги во компанијата, тогаш си на вистинското место. Го бараме следниот Координатор за човечки ресурси, па доколку сметаш дека ги исполнуваш условите ја очекуваме твојата апликација и со нетрпение чекаме да те запознаеме.

 

 Одговорности:

 

- Активно учество во креирање и спроведување на стратегии во делот за Човечки ресурси

- Менаџирање на процесот за регрутација во компанијата идентификувајќи најсоодветни начини за наоаѓање на нови и потенцијални кандидати за вработување

- Соработка со менаџмент тимот во дефинирање и спроведување на менаџмент одлуките низ целата компанија

- Одговорност и контрола за сите процеси

- Одржување и зголемување на задоволството на вработените

- Креирање на развојни стратегии за напредок и мотивација кај вработените

- Ревидирање и контролирање на систем на KPIs

- Планирање, организирање и одржување на обуки и тренинзи за вработените

- Бенефит програми, награди и признанија за вработените

- Контрола и почитување на правила поврзани со законските регулативи во земјата во соработка со Координатор за правна усогласеност

- Изготвување на месечни и годишни извештаи поврзани со вработените

 

Услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

 

- Минимум 2 години искуство во сектор Човечки ресурси

- Искуство во процесот на регрутација

- Изразени комуникациски и интерперсонални вештини

- Солидно познавање на англиски јазик, пишување и говорење

- Менаџерски пристап во конфликтни ситуации и способност за менаџирање на натпреварувачки дух кај одредени вработени

- Способност за евалуација на ситуации без вклучување на лични видувања, баланс ризик и носење на ефективни одлуки

- Самоиницијативност и проактивност

 

Што нудиме:

 

- Конкурентна плата која се заснова на работното искуство и вештините + бонуси

- Работно време: понеделник – петок, 09:00 – 17:00 часот

- Култура на почит, одлична тимска работа, взаемно помагање и транспарентност

- Можност за континуирано надоградување на знаењето преку платени обуки

- Службен телефон и лап топ во тренд со најновите технологии

- Препознавање на потенцијалот и можност за напредок

 

Напомена: Единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »