Референт за набавки (buyer for direct materials)

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ (BUYER FOR DIRECT MATERIALS)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Усогласување со компаниските политики и процедури;
  • Следење на рокови и планови за набавка;
  • Истражување на домашниот и странскиот пазар;
  • Анализа на понуди и изработка на ценовни компарации;
  • Контрола на трошоци;
  • Изготвување на барања за набавка, нарачки за директни материјали и следење на испораките;
  • Градење на професионален и цврст деловен однос со добавувачите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетска диплома (Машински/Електро факултет ќе се смета за предност);
  • Пожелно работно искуство во областа на набавките;
  • Поседување на аналитички и математички вештини;
  • Способност за преговарање, водење на деловна комуникација и способност за одлучување;
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење/читање/пишување);
  • Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
  • Способност за работа во тим;
  • Способност за работа во динамична средина.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »