За компанијата: Гео Гас е основана 2011 година како приватна фирма за производство на минерален гас CO₂ и разновидни продукти од него. Локацијата на природниот извор, а воедно и нашиот производствен погон, се наоѓаат...
повеќе за компанијата »ГЕО ГАС ДООЕЛ Скопје е компанија која се занимава со производство, дистрибуција и продажба на минерален гас CO2 .Поради зголемениот обем на работа, објавува оглас за следнава работна позиција:
Машински инженер/техничар во погон за производство на СО₂
(Битола, С.Трн)
Ако сакате да станете дел од тимот, а притоа сте динамична и одговорна личност и барате стабилност и долгорочна кариера и технолошки предизвици, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Потребни квалификации:
- завршено високо образование - Машински факултет
- претходно работно искуство во областа ќе се смета за предност,
- задолжително одлично познавање на MS Office пакетот и компјутерски програми и апликации
- одлично познавање на англиски јазик вербален и пишуван
- поседување на возачка дозвола Б категорија (активен возач),
- флексибилност за работа на терен,
- желба за учење на нови технички решенија и новини од областа на гасарството,
- позитивен однос кон промени.
- организациски вештини и компетенции: способност за планирање и организирање на работата со нагласена проактивност и независност
- висока работна етика, професионален и позитивен однос, одговорност и лојалност
- читање на техничка документација (технички цртежи и технологии)
- способност за самостојна и тимска работа
Работни обврски:
- одговорен за процесот на производство
- менторство и поддршка на тимот за производство
- одговорно лице за контакт за решавање на проблеми поврзани со процесот на производство
- постојано следење на производствениот процес и соодветно и навремено реагирање,
- подготовка и ракување со машините и комплетната опрема за производство,
- логистика и пратење на полни и празни (амбалажи) садови под притисок
- води редовна евиденција на произведени и продадени количини
- секојдневна техничка поддршка на секторот за продажба
- секојдневна комуникација со постоечки и потенцијални клиенти, добавувачи и соработници со цел обезбедување навремено и високо ниво на услуги
- грижа за квалитет на производ према правила на систем за квалитетно работење.
- водење на документација согласно пропишани стандарди,
- подготовка на документи за испорака и прием,
- организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции
- одговорен за калибрација и сервисирање на производната линија и водење евиденција за истите
Компанијата нуди:
- редовни атрактивни месечни примања и други бенефиции,
- платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон
- одлични услови за работа во тим,
- можност за личен професионален развој
- работен однос на определено работно време од 3 месеци, (период на докажување на способност). со можност за продолжување и преминување во стален работен однос на неопределено работно време.
Сите апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Испратете го Вашето (CV) кратка биографија на: d.markovski@geogas.mk
Во согласност со законот за заштита на лични податоци, со самото испраќање на Вашето СV се согласувате Вашите податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на Гео Гас ДООЕЛ Скопје.
Напомена: Доколку не сте согласни со тоа , можете да ја повлечете во секое време согласноста за обработка на лични податоци преку испраќање на известување на елекртонската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »