Арт Принт Студио, има потреба да вработи: ОРГАНИЗАТОР - АДМИНИСТРАТОР во печатница
Опис на работата и работните задачи:
Арт Принт Студио има потреба од организатор-администратор во печатница со оффсет и плотер активности со искуство или без искуство.
За таа цел потребно е лицето да поседува:
- Особен интерес за работа со луѓе и нивно доусовршување
- Лична и професионална ефективност
- Прецизност и ажурност во работата
- Подготвеност за работа во тим, во производствен погон
- Подготвеност да ја прифати фирмата како своја
Лицето ќе ги има следнива задачи:
- Да организира и контролира дизајнерски, препрес, печатење, постпрес и испорака.
- Организација на работен ден во печатница во координација со Продажен сектор
- Префрлање на вработените од еден во друг сектор заради промена на план и итност на испорака
- Влегување во работните задачи да помогне побрзо да се завршат
- Изработка на налози
- Предавање на налози
- Следење на налози
- Следење на текот и процесите на работниот налог и временска и контрола на продукт по договорен примерок
- Следење на испораката на продуктите
- Информирање клиенти за текот на работите и кога ќе ги добијат продуктите
- Комуникација со сервисери за машините
- Контрола на состојба на машински парк со одговорни лица
- Контрола на минимум залиха на лагер
- Одржување и контрола на човечките ресурси
Преку превземање информации и координација со Продажниот сектор, ќе го испланира денот на сите вработени во печатница.
Почетна плата: 20.000 денари.
После воспоставување, усогласување и координација на целиот систем, платата континуирано ќе расте, ќе се склучи долгогодишен договор и ќе се овозможи простор за купување акции.
Вашето CV пратете го на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака „ОРГАНИЗАТОР”.
Општи правила за аплицирање: Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
Назнака на позиција за која се аплицира.