Поради зголемување на обемот на работа, компанијата ХЕЛИОС МАКЕДОНИЈА има потреба од нов соработник на следната работна позиција :
МАГАЦИОНЕР
Задачи и одговорности:.
- Прием на роба и подредување на истата во магацинот,
- Следење на состојба на роба во магацин (рокови на употреба, декларирање на робата и др.),
- Припрема на роба за клиенти.
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема – ССС,
- Управување со електричен и моторен виљушкар,
- Физичка способност за ракување со стоката,
- Познавање на основен Microsоft Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook),
- Возачка дозвола „Б“ категорија - активен возач.
Личен профил:
- Одговорна и лојална личност,
- Самоиницијативност при извршување на работните задачи,
- Способност за индивидуална и тимска работа.
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови, Ве молиме да ја доставите вашата професионална биографија – CV - на e-mail адреса [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 13.03.2018 Изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 15 дена, по истекот на рокот за пријавување. Избраните кандидати ќе треба да достават и потврда за неосудуваност.