АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКРЕТАР

  • Објавен пред 3 месеци
  • ZEGIN DOO Skopje
  • Активен до 19.02.2019
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

ЗЕГИН ДОО е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба  на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Поради проширување на својот тим, имаме потреба од:


 Административен секретар

 Потребни квалификации:

  • ССС

  • Претходно работно искуство ќе се смета како предност

  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

  • Познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност

    Работни обврски:

  • Прима повици преку кои закажува состаноци, дава одговори на рутински прашања/барања или ги пренасочува кон другите служби

  • Пречекува гости, ги спроведува или посредува/извршува закажана услуга од доменот на организацијата

  • Отвора пошта, ја предава на потпис, а потоа ја дистрибуира до соодветната служба

  • Прима електронска пошта, одговара или ја дистрибуира до соодветната служба

  • Пренесува зададени информации

  • Изготвува документи, се грижи за изгледот и коректноста на документите за експедирање

  • Прима и испраќа факсови

  • Умножува документи по пат на фотокопирање или скенирање

  • Праќа честитки и телеграми

  • Води дневен календар на состаноци и задачи

  • Врши преводи и кореспондира со странство по писмен и устмен пат

  • Врши резервација на ресторани, хотели, авио билети, изготвува соодветна документација за таа цел

  • Се грижи за уредноста на просториите

  • Врши нарачки на потребен канцелариски материјал и други потрошни материјали

  • Води Деловодник

  • Прима и заведува примена пошта

  • Ја сортира и доставува заведената пошта до соодветни служби

  • Врши ажурирање и архивирање на документација

  • Подготвува и заведува пошта за експедирање

  • Комуницира со поштите за редовна и брза достава

  • Води тетратки за интерна достава и за експедирање

  • На дневна основа води евиденција на потрошувачка

    Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака административен секретар  на kariera@zegin.com.mk. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

КЛИКНИ