За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »ЦЕРМАТ ДОО Битола, како водечка компанија во државата со повеќе од 25 години искуство во областа на производството, продажбата на сладолед и дополнителен замрзнат асортиман, и богато портфолио на производи и брендови Ви нуди вистински предизвик.
Доколку си во потрага по работна позиција исполнета со комуникација, креативна и посветена личност во извршувањето на зададените работни задачи, а воедно сакаш личен и кариерен развој, пријави се на една од отворените работни позиции:
Office Assistant (Асистент на канцеларија)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено високо образование
- Задолжително одлично познавање и активно користење на Англиски јазик (вербална и писмена комуникација);
- Задолжително познавање на MS Excel, како и MS Office пакетот;
- Поседување на вештини за обработка и внес на податоци, табеларни пресметки и сл.
- Работно искуство во соодветната област ќе се смета за предност;
ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- Одлични комуникациски вештини;
- Логичко размислување;
- Организациска и аналитичка способност;
- Способност за тимска работа;
- Висока работна етика, доверливост и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Самоиницијативност, лојалност, професионален и позитивен однос.
Заинтересираните кандидати да достават CV со СЛИКА на Македонски Јазик на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со ЗАДОЛЖИТЕЛНА назнака: Апликација за Office Assistant (Асистент на канцеларија), најдоцна до 30.09.2024 година.
Слични огласи »