ПОГОНСКИ ИНЖЕНЕР - раководител во производствен погон

“Интер-Хем” Доо, Скопје е една од водечките компании во областа на трговија и производство на хемиски суровини и репроматеријали за сите видови на индустрија. Поради константниот пораст на обемот на работа, објавува ОГЛАС за нова работна позиција:

 

ПОГОНСКИ ИНЖЕНЕР

 раководител во производствен погон

 

Одговорности и задачи:

·       Планирање и организирање на производствени и оперативни активности, што вклучува: изработка и спроведување на дневни планови, координирање и менаџирање на процесот и вработените во производството, координирање на прием и издавање на роба

·       Извршување на општи административни задачи во контекст на своите работни активности

 

Потребни квалификации:

·       Високо образование – дипломиран хемиски инженер (Институт за хемија, ПМФ) или инженер технолог (ТМФ)  

·       Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, интернет пребарувачи

·       Предност имаат лица со работно искуство 

 

Профил на личност:

·       Лидерство и посветеност

·       Одлични организациони способности

·       Самоиницијативност, аналитичност и одговорност

·       Деловен и професионален однос

·       Способност за индивидуална и тимска работа

·       Желба за професионален напредок 

 

 Детали:

•    Позицијата е наменета за Подружница “Интер-Хем” Доо, с. Петровец, Скопје

•    Работа во една смена од 7.00-15.00

•    Почетна нето плата за лица со искуство во оваа област: =32.000,00 денари, со можност за континуиран раст со професионалниот напредок во кариерата

 

    Доколку сте заинтересирани за динамична работа во средина која нуди напредок и усовршување, аплицирајте на огласот со Ваша кратка биографија. 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »