Административен/Персонален Асистент/Сметководител

За компанијата: СИГМАТЕЛ Д.О.О. е систем интегратор за комуникациски решенија, со искуство во дизајнирање иновативни мрежни решенија и обезбедување напредни професионални услуги. На нашите клиенти нудиме решенија за... повеќе за компанијата »

Административен / Персонален Асистент / Сметководител

Опис на работно место:

  • Комуникација со сметководството, банки, институции;
  • Архивирање и скенирање на документи и управување со документацијата (договори, понуди, фактури и сл.)
  • Комуникација со клиенти, прием на повици, емаил пораки;
  • Организација на настани и состаноци;
  • Набавка на канцелариски материјал;
  • Собирање и анализа на податоци;
  • Организација на состаноци и координација со главниот менаџер;
  • Евиденција во CRM систем;
  • Следење и учество во набавки од добавувачи;
  • Останати дневни и тековни потреби и поддршка на активностите на фирмата;

Потребни квалификации на кандидатот:

  • Завршено минимум ССС или ВСС ќе биде предност (Економски, Правен, ИТ);
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Лиценца за сметководител издадена од Институт за сметководители и овластени    сметководители ќе се смета за предност;
  • Работно искуство во секторот сметководство ќе се смета за предност;
  • Работа со сметководствени програми, познавање на PANTHEON – систем за деловно работење, ќе се смета за предност;
  • Задолжително познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
  • Амбиција за маркетинг и продажба.

Способности и професионални вештини:

  • Одлични организациски вештини и способност за мултитаскинг;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Вештини за управување со време;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за завршување на работните обврски во предвидените рокови и проценка на приоритети;
  • Познавање на работа со канцелариска опрема (принтер, скенер и сл.);
  • Поседување на висока работна етика и способност за управување со доверливи податоци;
  • Подготвеност за работа во динамична работна атмосфера;

Потребни документи:

  • Професионална биографија СV;
  • Поседување на сертификат ќе се смета за предност;

Потребните документи да се испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] до денот на важност на овој оглас.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »