ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ШТИП

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
 КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Штип во Група 1, бараме: 
 
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО ШТИП (М/Ж) 
 
 Работни задачи: 
 

  • Обработка на барања и поплаки од корисниците,
  • Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
  • Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
  • Прием, обработка, чување и средување на документација, 
  • Контрола на приклучоци и мерни места. 

 
Потребни квалификации 

  • Електро-технички факултет - Енергетика, 
  • Познавање и користење на MS Office,   
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност, 
  • Способност за работа во рокови, 
  • Возачка дозвола,   
  • Исполнителност и одговорност,   
  • Флексибилност,   
  • Тимска работа. 

 
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 14.02.2019. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  . 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »