СИСТЕМ ИНЖЕНЕР

  • Објавен на 12.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 22.12.2022
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, поради проширување на својот тим во секторот Инженеринг има потреба од:

СИСТЕМ ИНЖЕНЕР

За позицијата:

Изработува проектни решенија и  документација за сопирачки системи, како и за интегрирани производи во пневматски шеми.

 

Главни одговорности:

  • Изработува решенија за систем за товарни, транзит и локомотивски  проекти
  • Го користи стандардниот каталог за производи
  • Претставува контакт - техничко лице со клиенти- вагоноградители, оператори
  • Подготвува и ги претставува техничките решенија на клиентите ( шема, спецификација и технички опис на системот)
  • Изготвува пресметка за сопирачкиот систем
  • Преставува техничка помош при маркетинг активности
  • Задолжен е за покривање на сите технички барања на клиентите во однос на конструкцијата како и техничките ризици односно нивна идентификација и адресирање.  
  • Врши верификација дека сите технички барања на клиентот се постигнати со понудениот систем
  • Присуствува при испитување на системот на терен
  • Пополнува  “CbC” документи

 

Потребни квалификации:

Високо образование ВСС (машински инженер)

Задолжително познавање на англиски јазик и работа со компјутер

3 години искуство на слична позиција, работа со ЕРП систем

Комуникативност, желба за професионално надградување

 

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања во зависност од знаењата и искуството
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна и безбедна работна средина

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон за повеќе информации: 02/2581-362

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »