(преземи го огласот како PDF)
Готвачи за луксузни хотели и ресорти во САД
Претворете го вашето искуство во меѓународна карирера
Marriott | Hilton | Hyatt | Sheraton | Westin | Holiday Inn
Доколку сте амбициозен готвач кој сака да работи според највисоките светски стандарди, да учи од врвни професионалци и да стекне меѓународно искуство во водечки хотелски брендови, ова е можност која може да го промени текот на вашата кариера.
Marriott, Hilton, Hyatt, Sheraton, Westin и други реномирани хотелски компании во САД нудат можности за професионален развој преку USA Hospitality Elite Program, наменета за професионални готвачи, студенти по гастрономија и млади кулинарски таленти.
Програмата се реализира преку официјалната J-1 Exchange Visitor Program и овозможува професионален ангажман во времетраење од 12 до 18 месеци во луксузни хотели и ресорти низ Соединетите Американски Држави.
Отворени позиции
• Commis Chef
• Demi Chef de Partie
• Chef de Partie
• Culinary Trainee
• Culinary Intern
Кој може да аплицира?
Професионалци
• Готвачи и помошни готвачи со искуство во хотели, ресторани, ресорти, кетеринг компании или професионални кујни.
Студенти и дипломирани кандидати
• Активни студенти или дипломирани кандидати во последните 12 месеци од областа на гастрономија, кулинарство, туризам или угостителство.
Основни услови
• Познавање на англиски јазик (минимум B1 ниво)
• Валиден македонски пасош или можност да се обезбеди пред почетокот на програмата
• Подготвеност за престој и професионален ангажман во САД од 12 до 18 месеци
• Познавање на основни кулинарски техники и стандарди за подготовка на храна
• Подготвеност за работа во професионална и мултикултурна средина
Предност ќе имаат кандидати со
• Искуство во хотел со 4 или 5 ѕвезди
• Искуство во premium ресторан или resort
• Искуство со интернационална кујна
• Искуство со à la carte, buffet или banquet операции
• HACCP, Food Safety или други професионални кулинарски сертификати
• Претходно меѓународно работно искуство или пракса
Што добивате?
• Работа во водечки хотелски брендови во САД
• Американско работно искуство кое носи значителна вредност на секое професионално CV
• Конкурентна заработка согласно позицијата, работодавачот и локацијата
• Работа со искусни меѓународни кулинарски тимови
• Развој на професионални и лидерски вештини
• Запознавање со светски стандарди во гастрономијата и хотелиерството
• Можност за градење долгорочна меѓународна кариера
• Комплетна поддршка во текот на процесот на селекција, подготовка и програмска апликација
Аплицирање
Потребно е да доставите:
• CV на англиски јазик
• Кратко видео претставување на англиски јазик (30–60 секунди)
[најави се за да го видиш е-маилот]
+389 76 226 655
www.wisehunters.mk
Селекцијата е во тек. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе продолжат во понатамошниот процес на интервју и селекција.
USA Hospitality Elite Program е дел од Earn&Go USA by WiseHunters International.