Електроинженер

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на

Електроинженер во електро одржување

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за електро одржување на електро инсталациите и опрема во фабриката, како што се трансформатори, мотори, уреди за управување и заштита, софтвер и опрема за автоматизација на процеси,  системи за мерење на неелектрични величини и др., во фабриката, во рамките на Одделението за електро одржување.  

Ќе планира, координира, извршува и контролира зафати за превентивно и редовно одржување, ремонти, реконструкција, усовршување и модернизација на електричната опрема и опремата за управување со технолошки процеси. Подготвува годишни буџети и планира инвестиции и го организира и следи нивното извршување.

Работното време е 40 часа неделно и од 08:00 – 16:00 часот. Основната нето плата за работното место изнесува од 42.000 до 60.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

 

Потребни квалификации:

- Електротехнички факултет, ВСС/VII степен (240 кредити) насоки ЕЕС, ЕЕУМ, ЕАОИЕ 

- Работно искуство од минимум 3 години во индустрија

- Параметрирање на нумерички заштити ќе се смета како предност

- Познавање на MS Office, AutoCAD, Eplan, MS project

- Одлично познавање на англискиот јазик, познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1. Мотивациско писмо на англиски јазик

2. Биографија (CV) на англиски јазик

3. Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето може да се врши само на веб страницатана Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk 

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »