Анрра Центрум ДОО лого

Проект менаџер

Плата од 50.000 ден. до 60.000 ден.

АНРРА ЦЕНТРУМ ДОО ТЕТОВО Објавува оглас за ПРОЕКТ МЕНАЏЕР за градежни работо во проект РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА ПРУГА КУМАНОВО - БЕЛАКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА.

Проект Менаџер (Градежен Инженер)

Опис на работното место:

  • Организација на тековни работни активности на вработените техничари и изведувачите за превентивно и корективно одржување, градба на нови објекти;
  • Посета на инфраструктурни објекти во разни фази на градба;
  • Следење на техничката документација и објектите во градба, редовно пополнување на тековните податоци неопходни за следење на градбата, изработка на спецификации и сета потребна техничка документација во текот на реализација на проектот согласно важечките закони;
  • Раководење на проект и тековни работни контакти со клиентите, надзорниот инженер, изведувачите и вработените за време на реализација на проектот;
  • Комуникации и соработка со одговорни лица од институциите на државата и изведувачот;
  • Во согласност со градежната и проектна документација врши соодветни пресметки и калкулации;
  • Дефинира описи, количини и технички нормативи кои што ги проследува до изведувачите;
  • Комуницира со изведувачите и градежните компании за време на градежните фази од проектот;
  • Работи во рамки на буџетот и зададените временски рамки.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование- Градежен Факултет;
  • Минимум 5 годишно работно искуство во областа;
  • Одлично познавање на намески софтвер поврзан со градежништво;
  • Познавање на важечка законска регулатива за МК како и познавање на стандарди за проектирање;
  • Поседување на овластување (лиценца А или Б) за изработка на проектна документација од областа на градежништво(проектирање) ќе се смета за голема предност.
  • Познавање на Англиски Јазик.

Професионални знаења и способности:

  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности;
  • Динамичност, ефективност, флексибилност и адаптибилност;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност;
  • Решавање на проблеми.

Останати информации:

Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 07:30-15:30 часот.

Местото на извршување КУМАНОВО - РАНКОВЦЕ.

Почетна плата 50.000- 60.000 мкд нето.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите може да ги испратат своите биографии (CV) до 20.11.2024 година со назнака “ПРОЕКТ МЕНАЏЕР” на следниот мејл: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »