За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Полиестердеј има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција – Припрес оператор
Потребни квалификации:
- Минимум две години искуство на иста или слична позиција,
- Одлично познавање на Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, Acrobat, CorelDraw, софтвер за импозиција на фајлови,
- Комуникативност, организираност и одговорност кон доверените работни задачи,
- Способност за самостојна и тимска работа.
Работни задачи и одговорности:
- Прием на клиенти кои имаат барање за печатење,
- Прием на фајлови за печатење, нивна проверка и адаптација,
- Дефинирање на барањата на клиентите и изработка на понуда,
- Информирање на клиентите за можностите на компанијата,
- Информирање на клиентите за роковите за испорака.
Што нудиме:
- Постојана поддршка и помош од вработените во Полиестердеј во периодот потребен за адаптација;
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа;
- Можност за учење и стекнување нови вештини;
- Колективно осигурување во случај на незгода;
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата – минат труд и К-15.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција - припрес оператор”.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »