Конкурс за Човечки Ресурси

За компанијата: Eurovia ДООЕЛ е една од водечките компании во областа на градежништвото во Македонија. По семејна традиција на успешно работење во областа на градежништвото, компанијата "ЕУРОВИА" е основана во 2010 година.... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2018
  • EUROVIA
  • Активен до 16.11.2018
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Тетово
  • Телефон: +38971424000
  • Веб: www.eurovia.mk

(преземи го огласот во Word)

Станете дел од нашиот успешен тим!

 

Друштво за градежништво, трговија и услуги ЕУРОВИА ДООЕЛ со седиште во Желино, Тетово една од водечките компании во Македонија со долгогодишно искуство на полето на градежништво, логистика,  и трговија со градежни материали, со единствена цел остварување на високо професионален однос со клиентите, нудејќи навремено и прецизно извршување на услуги и комплетна посветеност кон она што го работи, објавува конкурс за позиција, со цел зајакнување на нашиот тим , го објавуваме овој  конкурс за позиција:

 

 

МЕНАЏЕР ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

 

Квалификации на кандидатот:

  • Минимум 3 години работно искуство
  • Предност ќе имат кандидатите кои имат искуство со менаџирање со Човечки Ресурси во градежна компанија
  • Универзитетска диплома (човечки ресурси, менаџер, правен, економски..)
  • Возачка дозвола “Б” категорија;
  • Одлични комуникациски и менаџерски способности;
  • Системски пристап, организираност и самоиницијаивност;
  • Предност имат кандидатите запознаени со платформа Office 365;
  • Способност за работа под притисок;
  • Познавање на англиски, албански и македоноски јазик
  • Флексибилен и ориентиран кон наоѓање на решенија

 

 

Главни одговорности:

  • Управува со оделението;
  • Изработка на стратегија за управување со човечки ресурси во рамките на претпријатието;
  • Ги обезбедува потребните кадри: ги обработува барањата за прием, го координира процесот на регрутација, учествува во селекцијата и распоредот на вработени, буџетирање на нови вработувања
  • Учествува во решавање на конфликти и недоразбирања, лоша работна атмосфера и тоа како прва “надворешна/вонсекторска“ инстанца;
  • Креира планови на обука, изработува стратегии за управување со знаење, дава мислење во однос на предлозите за обука, обезбедува оцени на обуките и ефектот од обуката, организира интерни или “in house” обуки;
  • Ја оценува работата и/или потенцијалот на вработените;
  • Изработува планови за развој на вработените на ниво на фирмата и учествува во планирањето на кариерниот развој на клучните кадри;
  • Врши евалуација на годишно ниво, анализа на задоволството од работа во ЕУРОВИА и потенцијалната флуктуација;
  • Учествува во креирање на корпоративната култура и предлага мерки кои треба да се преземат;
  • Изработува административна документација која произлегува од правата и обврските на работниот однос;
  • Се грижи за податоците и информациите за вработените како деловна тајна и ја штити приватноста;
  • Ја контролира имплементацијата и реализацијата на сите планови, одлуки, процедури и мерки во домен на HR;
  • Изработува извештаи од домен на HR;
  • Ги следи промените на законската регулатива во домен на работни односи;
  • Учество во процесот на бизнис планирање и развој на годишен буџет за човечки ресурси;
  • Известување до извршниот директор;

 

 

 

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Менаџер за човечки ресурси”.

 

Краен рок за пријавување 30/11/2018.

 

Контакт инфо:

ул.101 бр. 15, Желино – Тетово

Тел: +389 44 350 991

 

Продружница во Скопје:

Коле Неделковски 61 лок 1

Скопје, Македонија

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »