Триглав Осигурување АД, Скопје објавува оглас за Стручен соработник (проценител) за технички штети на подрачјето на Битола и Прилеп.
Во Групацијата Триглав градиме силни односи со нашите вработени, клиенти и деловни партнери повеќе од 120 години. Заедно, се стремиме кон безбедна иднина во која сигурно, одговорно и лесно ќе ги надминеме животните предизвици.
Ќе ги развивате своите вештини со искусни ментори, а ние ќе ви овозможиме да учествувате на различни едукации кои ќе ви бидат поддршка во вашиот личен развој.
Придружете се на нашиот тим и отворете го следното поглавје од нашата заедничка приказна со нас.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Одговорен е за целокупниот процес на решавање на имотни штети.
Ги следи вредностите на пазарот поврзани со предметот на осигурување.
Врши и контролира резервации на имотни штети.
Врши и други работи и задачи по налог на претпоставените лица на кој е непосредно или посредно одговорен за својата работа и во согласност со доделените овластувања.
БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
Високо образование од областа на тенички науки (сообраќај и/или машинство).
Солидно познавање на Microsoft Office;
Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
Подготвеност за континуирано стручно усовршување.
ПРЕДНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
Динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал.
Работа во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на Групацијата.
Можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
ВИД НА РАБОТЕН ОДНОС:
Работниот однос е на определено време, со полно работно време.
Со цел вашата апликација соодветно да помине низ нашиот систем и да биде земена предвид при процесот на селекција, Ве молиме поднесете ја преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000003Rr6X