Самостоен референт за маркетинг и ПР

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надоградба, како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт за маркетинг и ПР

  • Изготвува и предложува, активности и проекти за маркетинг и ПР активности на Друштвото;
  • Води постојана комуникација и соработка со Агенција за маркетинг со која Друштвото има соработка во врска со доставување на предлог маркетинг активности, кампањи, изготвување на маркетинг промотивни материјали;
  • Дава предлози за изготвување на промотивни маркетинг материјали, пропаганден материјал, флаери и други материјални за промовирање на друштвото на потенцијални клиенти;
  • Се грижи за промовирање на Друштвото на социјални мрежи, веб сајтови и останати средства за комуникација;
  • Предлага соработка со надворешни соработници за развој на маркетингот;
  • Предлага идејни и графички решенија и графички подготовки  за печатење на пропагандни материјали  (флаери, брошури, каталози, постери и сл);
  • Го организира и следи процесот на продукција на промотивни материјали (печатени материјали, ТВ и аудио спотови и др.);
  • Врши евидентирање на количините и видовите на печатени материјали и ги утврдува потребите за печатење;
  • Врши администрирање и ахривирање на понудите за маркетинг услуги, нарачките за реализирање на маркетинг понуди и сл;
  • Ги доставува изготвените маркетинг материјали до потенцијални клиенти на Друштвото, преку вршење на редовни посети на истите;
  • Учествување во медиа планирање и контрола на реализација на медиа планови;
  • Учествува во изготвување на предлог буџет за маркетинг;
  • Одговара за исполнувањето на таргетираните маркетинг кампањи во текот на определените временски периоди;
  • Врши и други работи на барање на претпоставените лица.

Потребни квалификации и карактеристики:

Универзитетска диплома од област: Маркетинг, Осигурување, Економски, Бизнис администрација;

Задолжително познавање на македонски и англиски јазик,

Работно искуство на иста или слична позиција, 3 години;

Критичко размислување, решавање проблеми, предвидлив и добро познат пристап или начин на кој упатува самата задача;

              Висок степен на креативност и иновација;

              Добро планирање и добра организација;

              Ориентираност кон клиенти;

              Одлични комуникациски и преговарачки вештини;

              Способност за тимска работа;

              Способност да учи и да се надоградува;

Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;

Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.

 

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Самостоен референт за маркетинг и ПР”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »