За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РЕГРУТАЦИЈА
Опис на работни задачи
- Одговорни сте за процесот на регрутирање на вработени
- Ги поддржувате нашите супервизори во однос на нивните потреби за регрутирање, ги анализирате и давате конкретни предлози. Активно барате кандидати преку различни канали и мрежи за регрутирање. Помагате да се одреди стратегијата за регрутирање во консултација со колегите од Секторот за Човечки ресурси и супервизорите
- Ги следите трендовите на пазарот на трудот, ги одредувате нашите целни групи и барате нови и/или креативни начини да пронајдете потенцијални кандидати
- Управувате и ја контролирате нашата алатка за регрутирање на дневна основа со која објавувате нови слободни работни места, го следите статусот, ги преземате потребните активности и омуницирате со кандидати
- Одговорни сте за прва селекција и спроведувате интервјуа за прием. Вие одредувате кои кандидати ќе бидат претставени на супервизорите на Одделите во компанијата, советувате за компетенциите и усогласеноста на кандидатите со културата на нашата компанија и очекуваните компетенции за посакуваната позиција
- Ќе бидете вклучени во различни процеси и проекти од областа на човечките ресурси, особено поврзани со регрутирање, onboarding и развој
Потребни квалификации
- ВСС и најмалку 3 години искуство во регрутирање и селекција на вработени
- Поседувате организациски вештини за да се справите со повеќе огласи за слободни работни места во исто време, односно сте добар мултитаскер
- Комуникативни сте, можете течно да се изразувате на македонски и англиски јазик
- Дискретност и лојалност
- Сакате предизвици, енергични сте и ориентирани кон резултати
- Можете да работите самостојно но исто така сте и тимски играч
Се согласувам личните податоци наведени во апликацијата за работа да бидат предмет на обработка од страна на Секторот за човечки ресурси на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, во процесот на селекција на апликанти за вработување.
Напомена: Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Според Законот за заштита на личните податоци, со самото доставување на Вашата апликација за работа за потребите на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри за потребите на ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден гарантира дека освен за наведената цел, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден сите апликации ќе ги чува 12 месеци, сметано од денот на нивното добивање, освен во случај кога апликантот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истекот на утврдениот рок.