Комерцијалист за набавки

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Како една од најголемите и најуспешните компании во својата дејност, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа, Зегин има потреба од проширување на својот тим на професионалци.

Доколку сте посветена личност, со високи вредности, имате одлични комуникациски способности, сте тимски играч, проактивни, позитивни, иницијативни, ориентирани кон резултати со високо развиена способност за решавање проблеми и самомотивација, станете дел од нашиот тим и аплицирајте за работа во Зегинна работна позиција:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ

ШТО БАРАМЕ:

  • Универзитетско образование, Економски, Фармацевтски или Медицински факултет,
  • Претходно работно искуство во веледрогерија,
  • Задолжително Одлично познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање на MSWindows и MSOffice,
  • Прецизно и точно управување со информации, податоци, документи и време,
  • Одлични комуникациски вештини,
  • Способност за ефикасно работење во динамична канцелариска средина со комерциjална ориентација и работа под притисок,
  • Високо развиени аналитични способности и структурално размислување,
  • Положен возачки испит (Б категорија) и активно возење.

ОДГОВОРНОСТИ:

  • Водење, планирање, следење и контрола на процесот на нарачки со домашни и странски добавувачи со цел навремено обезбедување на точни количини на производи, со соодветен договорен квалитет.
  • Водење и следење на процесот на увоз на производи согласно законската регулатива.
  • Одржува редовна комуникација со добавувачите, аптеките и останатите сектори во компанијата со цел ефикасно и навремено спроведување на сите процеси и обезбедување на потребните количини на производи.
  • Гарантира спроведување на договорени комерцијални услови со добавувачите.
  • Се грижи за навремено спроведување на договорените услови со добавувачите од аспект на плаќања, цена, рабат, количина, рок преку контрола на финансиските документи.
  • Ги следи залихите на производите во магацин, веледрогериите, нивните рокови и обезбедување на ефикасно спроведување на процесите за повлекување и/ или враќање на производи.
  • Обезбедува соодветна динамика за обезбедување на нови производи и доколку е потребно корекција на истата.
  • Гарантира редовна комуникација со аптеките и магацинот на компанијата со цел поддршка на процесот на продажбата на производите.
  • Учествува во подготовка на годишните договори со добавувачи.
  • Дава предлози за нови производи
  • Подготовка на редовни извештаи и анализи согласно потребите.

Што нудиме:

  • Основна нето плата по договор
  • Работниот однос се заснова на определено време 3 (три) месеци со можност за продолжување на договор за работа
  • Работно време: понеделник – петок 08.00 – 16.00 часот,

Испратете пропратно писмо и биографија на македонски јазик со ознака Kомерцијалист за набавки на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »