(преземи го огласот како PDF)
Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, лиценцирана компанија за управување на комерцијални објекти , која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Одговорности и задачи:
· Раководење со тим за одржување на техничка опрема на објекти
· Планирање и координација на активности
· Изготвување на извештаи од областа во зададени рокови
· Грижа за одржување на опремата во исправна состојба
· Обезбедување на непречено функционирање на објекти
· Проектен Менаџер на објекти во изградба и објекти за техничко одржување и водење на градежни книги
Потребни квалификации:
· Образование-Машински факултет,насока термичко инженерство
· Работно искуство-Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
· Задолжително познавање на англиски јазик
· Работа на компјутер( MS Office,CAD CAM, AutoCad)
· Искуство со работа на проекти/проектен менаџер
Личен профил:
· Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
· Високо развиени комуникациски и организациони вештини
· Одлични аналитички способности
· Професионален и позитивен однос
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на апликацијата “Машински Инженер за Одржување”.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!