„Со вештини до можности за младите“ е тековен, двогодишен проект на Национален младински совет на Македонија (НМСМ), кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје. Проектот има за цел да ја зајакне улогата на НМСМ во градењето на капацитети и вештини на младите луѓе за олеснување на нивниот процесот на транзиција од образование кон пазар на труд. За таа цел, НМСМ има потреба од истражувач кој континуирано ќе ги обезбедува потребните информации за ефикасно и ефективно имплементирање на проектот.
Рок и начин на пријавување
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следниве документи:
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо.
Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса:
[најави се за да го видиш е-маилот]
со назнака: Пријава за Проектен асистент – НМСМ
Рокот за поднесување на сите кандидатури е 9 јануари 2017 година (понеделник), до 16:00 часот.
Профил на одговорности на проектниот асистент:
Организација на проектни активности на НМСМ;
- Подготовка на проектни материјали;
- Навремено и квалитетно организирање на настани на НМСМ;
- Обезбедување на сите потребни ресурси за квалитетно спроведување на активностите на НМСМ;
- Комуникација со проектни партнери и соработници;
- Комуникација и поддршка на организациите кои организираат активности и иницијативи поддржани од НМСМ;
- Комуникација со регионалните канцеларии на НМСМ;
- Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа;
- Oрганизација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот;
- Зголемување на видливоста на содржините кои произлегуваат од проектот во општеството;
- Подготовка и следење на Академија млади во координација со Генерален секретар на НМСМ;
- Подготовка на LEAD МК Aкадемија во координација со Координатор за политики и меѓународни односи во НМСМ;
- Логистичка подготовка на настанот кој ќе се организира за доделување на YAYA наградата во координација со Координатор за политики и меѓународни односи на НМСМ;
- Подготовка и следење на циклус обуки за меки вештини во координација со Генерален секретар на НМСМ;
- Активно учество во активностите поддржани од НМСМ;
Редовна координација со Генералниот секретар, Управен одбор и останатите членови на секретаријатот за тековни работи и обврски на Секретаријатот.
Потребни знаења и вештини на кандидатите за проектниот асистент:
- Членство во организација членка на НМСМ се смета за предност;
- Познавања од областа на организација на настани;
- Одлични комуникациски вештини, со високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
- Вештини за планирање, мониторинг и евалуација;
- Одлични комуникациски вештини, комуникациска сензитивност и коректност;
- Способност да работи со тим, под притисок и во ограничена временска рамка;
- Способност за непречена комуникација со организации, добавувачи и партнери;
- Познавање на работата на НМСМ, како и на граѓанскиот сектор во Р. Македонија;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Можност да работи за време на викенди;
- Можност да патува во рамките на државатa и надвор за потребите на организацијата.
- Флексибилност околу работното време и можност да работи за време на викенди.
Услови за работа:
Позицијата е со работно време од 40 часа неделно. Селектираните кандидати ќе бидат ангажирани со потпишување на договор за 6 месеци, со можност за продолжување.
Начин на селекција:
Кандидатите кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на разговор во перидот од 10 до 20 јануари. Се очекува селектираното лице да започне со работа најдоцна од 23 јануари, 2017 година.
Рокот за поднесување на кандидатури е 9 јануари 2017 година (понеделник), до 16:00 часот, напладне. Сите кандидатури треба да пристигнат по електронска пошта на следната адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]