МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

  • Објавен пред една недела
  • ОЗОН
  • Активен до 09.07.2020
  • Позиција: Инженер
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот во Word)

Озон е фирма за за трговија, проектирање, изведување и производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

Огласуваме слободно работно место на позицијата:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР - ТЕРМИЧКО ИНЖЕНЕРСТВО

Озон има потреба од машински инженер по термичко инженерство, кој ќе му се придружи на нашиот тим за работа во Скопје.

Кандидатот ќе биде одговорен за проектирање и изведба на машински инсталации поврзани со системите за климатизација, ладење, греење и вентилација.

Потребни познавања:

Машинските инженери проектираат машински инсталации, вршат организација,  водење на изведба на машински инсталации и водат детална документација за сработеното. Спроведуваат истражувања и даваат советнички услуги, проучуваат механичко -технолошки карактеристики на одделни материјали, производи и процеси.

Задачите вклучуваат:

а) проектирање машински инсталации и работа на компјутер;

б) организирање и раководење при изведба на системи за климатизација, греење, ладење и вентилација;

в) воспоставување на стандарди и постапки за контрола на ефикасно изведување на машински проекти, опрема или системи, како и надгледување во текот на нивната изведба;

г) одржување на техничка соработка и консултации со други релевантни стручњаци;

д) изработка на соодветна документација и пишување на извештаи;

ѓ) вршење на сродни работи;

е) надзор на останатите работници и координирање на активности при изведба.

- Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство Овластување А или Б за изведба.

- Кандидатот треба да има желба за стекнување со нови знаења.

- Завршено Високо образование - машински инженер

- Познавање англиски јазик

- Одлично познавање на програми за 2Д цртање

- Познавање на основни програми за работа на компјутер

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

Документите пратете ги како пдф документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација можеби нема да биде разгледана

КЛИКНИ