Инженер за испитувања во Сектор за квалитет

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги

остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, 

насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

објавува оглас за вработување на

Инженер за испитувања во Сектор за квалитет

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за контрола на квалитетот на материјалите во процесот на производство, од суровина до готов производ. Го следи квалитетот според зададените цели за квалитет во процесот на производство преку хемиски и физичко-механички анализи. Одговорен е за сумирање и анализа на податоците во дневни, месечни и годишни извештаи, за правилна подготовка и контрола на примероци, проверка и калибрација на инструменти. Ориентираност кон задоволување на барања на купувачите. За своето работење ќе одговара на Менаџерот за квалитет. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е од 31.000 до 38.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и бонус за успешно работење.

Потребни квалификации:

• Технолошки факултет или Природно-математички факултет - Институт за хемиски науки, ВСС/VII1 степен (240 кредити)

• Одлично познавање на Microsoft Office

• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

• Работно искуство во индустрија ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

      

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:  

1.    Мотивациско писмо на англиски јазик

2.    Биографија (CV) на англиски јазик

3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје,

http://www.usje.mk

 каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »