Оглас за договорни ангажмани на определено време на проектот „Мојот правен совет“

Со цел успешна имплементација на проектот „Мојот правен совет“ – финансиран од Европска фондација за демократија (European endowment for democracy), а имплементриран од Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика „ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС“ се објавува повик за ангажирање на лица за следниве позиции:

  1. ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР
  2. ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ
  3. ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ, НА СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

 

  1. Проектен менаџер

 

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Универзитетска диплома во областа на правни науки, политички науки, човекови права, бизнис или менаџмент,
  • Најмалку 2 години искуство во работа на проекти,
  • Солидно познавање на сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус,
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери,
  • Одлични вештини во комуникација со избрани и именувани лица,
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот,
  • Претходно работно искуство во локална самоуправа и работа со административни процедури ќе се смета за предност, како и претходно работно искуство со проекти

Менаџерот на проектот ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Соработка со различни целни групи: организации и институции од локалната самоуправа, организации, етнички заедници и слично,
  • Менаџирање на задачите при ангажирање на експерти за потребите на проектот,
  • Менаџирање на организацијата на средби и настани и активно вклучување во истите,
  • Редовно известување и информирање за работата пред донаторот на проекот, како и здружението,
  • Промоција на проектот и проектните цели

 

  1. Проектен Асистент

Кои квалификации треба да ги поседуваат кандидатите?

  • Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори;
  • Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, PowerPoint);
  • Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација;
  • Силни организациски вештини;
  • Изразени меки вештини (комуникација, работа во тим, одговорност…)

Клучни работни обврски на проектниот асистент/ка:

  • Управува со административното и канцелариското работење на проектот и на здружението;
  • Управува со архивата и архивското работење на здружението
  • Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и проектниот тим;
  • Го планира и следи оперативниот буџет за работење на канцеларијата;
  • Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со: канцелариски простор, опрема, инвентар, пошта и телекомуникации;
  • Врши други работи поврзани со членството на организацијата (ажурирање на база на членство) и обезбедување на бенефиции за членовите;

 

Работниот ангажман за наведените позиции ќе биде на определено време, почнувајќи од 28 јуни до 31 октомври 2020г. За својот ангажман лицата ќе добијат соодветен надомест според буџетираните средства во проектот.

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на   [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: Апликација за проектен менаџер/проектен асистент/проектен асистент (50%) најдоцна до среда, 26 јуни 2019г. до 23:59ч. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »