Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на:
Машински инженер во Одделение за машинско одржување
Избраниoт кандидат ќе бидe дел од тимот за машинско одржување на опремата во фабриката применувајќи ги најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, учество во подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе бид задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на зафати за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, компаниските процедури, следејќи ги националнте законски регулативи за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Извршувањeто на задачите во најголем дел е самостојно, како водач на тим или дел од тим. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. Основната нето плата за работното место е 42.000 до 60.000 денари, додека Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување и други бенефиции, како бонус за успешно работење.
Квалификации на кандидатите:
• Машински инженер, ВСС/VII степен
• Работно искуство од минимум 3 години во индустрија
• Одлично познавање на англиски јазик, германски јазик ќе се смета за предност
• Компјутерски вештини – MS Office, AutoCAD (2-D), MS Project, познавање на AutoCAD 3-D и Инвертор ќе се смета за предност
Конкурентски предности:
- Комуникативност и флексибилност
- Посветеност во работата
- Добри организациски вештини
- Ефективност и ефикасност во работењето
- Желба за учење и работа во средина со високи барања
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, попреченост, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.
Аплицирањето може да се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.