Kомерцијалист- дистрибутер

Гала Нутс 2015 е фирма која е основана во септември 2015 година и нејзина основна дејност е продажба на големо на зачини, зрнести производи, житарици, сушени плодови и апетисани Поради проширување на тимот компанијата има потреба од следното работно место:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ДИСТРИБУТЕР

Локација Скопје (по потреба и надвор од него)   

Опис на работно место:

  • Унапредување и развој на продажбата на производите на компанијата преку нивна промоција во големопродажба, дистрибуција и продажба на производите од асортиманот на Гала Нутс 2015  со пронаоѓање на нови коминтенти.     
  • Планирање и анализирање на продажбата на производите на компанијата
  • Посетување продажни местa согласно однапред зададен план од страна на претпоставениот
  • Составување и доставување извештаи за теренската работа во однос на податоци за перформансата на зададените активности од страна на претпоставениот.

Квалификации:

 

  • Образование: минимум ССС
  • Возачка дозвола: Б категорија (активен возач)
  • Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

 

Лични карактеристики:

  • Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност, организираност
  • Проактивен и професионален пристап во работата
  • Чесност
  • Тимска работа и желба за учење, напредок и усовршување

Ние нудиме:

  • Пријатна работна средина
  • Конкурентни примања( редовна плата плус процент и бонуси)
  • Вработување на определено време од 1 месец со можност за продолжување
  • Работно време од понеделник до сабота
  • Службено возило
  • Службен телефон

Кратка биографија и мотивационо писмо со назнака за работно место комерцијалист - дистрибутер на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]  

По извршена селекција само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 Гала Нутс 2015 обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува сите соодветно квалификувани кандидати, без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »