Виш експерт за обезбедување техничка помош

онсалтинг за стратешки развој (КСР), во рамките на „Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“, објавува

Повик за

избор на виш експерт за обезбедување техничка помош на избраните 40 единици на локалната самоуправа за планирање на општинскиот буџет

1. Историјат на Проектот

Северна Македонија се стреми да биде просперитетно, самоодржливо и инклузивно демократско општество, а Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (2021 – 2026) ќе им помогне на македонските владини институции независно да управуваат со потребните административни, фискални и политички промени предвидени во Планот за активности во рамките на Проектот. Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе работи на подобрување на финансиската дисциплина на локалната администрација преку зајакнување на капацитетите за планирање, извршување и известување за буџетот.

Техничката помош на експертот ќе се заснова на резултатите од спроведената Алатка за самооценка на општините и идентификуваните празнини од страна на тимот на проектот и ќе им понуди поддршка на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) како во придржувањето кон постојното законодавство за буџетирање, така и во користењето на практични алатки за планирање и извршување. Консултантот ќе обезбедува поддршка за директна техничка помош (ТП) на групата од 40 ЕЛС со цел да се подобри планирањето и извршувањето на буџетот.

2.  Цел и делокруг на ангажманот

Со цел да обезбеди квалитетна и стручна помош, консултантот мора да ги преземе следните чекори и да ги изврши следните задачи, како што е наведено подолу:

  • Преглед на резултатите од Алатка за самооценка на општините за избраните ЕЛС и идентификуваните празнини, како и на предложените интервенции.
  • Спроведување на регионални работилници со претставници на сите партнерски ЕЛС за аспектите на планирање на буџетот, врз основа на Упатството за планирање и извршување на буџетот на ЕЛС изготвено во рамките на Проектот.
  • На барање, обезбедување менторство и обука на работното место за сите 40 ЕЛС, во рамките на вкупниот планиран ангажман. Ова може да вклучува онлајн советување, регионални состаноци и директни состаноци со поединечни или групни претставници на ЕЛС, како и преглед на документи коишто се фокусирани на прашања поврзани со буџетскиот календар, буџетскиот циркулар, подготовката на граѓанскиот буџет, буџетските правила, процедурите за контрола на заостанатите долгови, буџетирањето на капиталните трошоци, итн.
  • Да обезбедува поддршка на меѓународниот експерт за Спроведување на проценката на потребите за подготовка и реализација на наставни програми за управување со јавните финансии. Поддршката вклучува собирање и обезбедување информации за моменталната состојба со наставните програми за УЈФ во земјата достапни на македонски јазик (видови даватели, број на постојни курсеви/наставни програми, содржина, цели на постојните курсеви итн.), да споделува информации со меѓународниот експерт и да го претставува, да му закажува средби и да го придружува меѓународниот експерт на состаноци со клучните чинители (даватели на обуки, министерства, локални власти, донатори, универзитети, други релевантни актери). Исто така, да му обезбедува поддршка на меѓународниот експерт во изготвувањето на конечниот документ за проценка на потребите со вклучени препораки.
  • Да доставува редовни месечни извештаи до Раководителката на компонентата за напредокот на активностите во секоја ЕЛС. Консултантот треба по потреба да дава препораки за измена на активностите и навремено да информира за сите прашања што предизвикуваат застој во работата. Исто така, консултантот треба да се координира со членовите на тимот на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите коишто обезбедуваат други видови на ТП со цел да се обезбеди координиран пристап на Проектот во однос на секоја ЕЛС.

3.  Резултати

Консултантот ќе има обврска за редовно, континуирано известување до Раководителот на Компонента 3 на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и ќе доставува месечни временски распореди и извештаи како основа за плаќањето. Резултатите ќе бидат подетално наведени во договорот.

Ангажманот на консултантот ќе се оценува врз основа на исполнувањето на следните индикатори:

  • Број на нови општини обучени за планирање, подготовка, следење и извршување на буџетот на годишно ниво,Број на обучени/менторирани вработени на општините,
  • Број на ЕЛС кои добиваат помош од Владата на САД со подобрен сооднос помеѓу реалните и планираните буџетски расходи.

4.  Период на извршување на активностите

Ангажманот ќе се реализира во период од една година (мај 2022 – мај 2023 година) со севкупен ангажман на консултантот до 40 дена.

5.  Критериуми и квалификации

  • Академски квалификации:
    • Универзитетска диплома по економија. Докторат би се сметал за предност.
  • Професионално искуство:
    • Најмалку десет (10) години професионално искуство во областа на јавните финансии, буџетскиот процес и прашањата поврзани со буџетската транспарентност и отчетност на национално и на локално ниво;
    • Широко познавање на целокупното искуство со финансиското управување на општините.
  • Јазик:
    • Одлично познавање (усно и писмено) на македонскиот и англискиот јазик.
  • Други критериуми:
    • Докажана способност за работа со густ распоред и завршување на услугите во утврдената временска рамка;
    • Јавните службеници не се подобни за учество.
  • Поврзано претходно искуство:
    • Најмалку пет (5) ангажмани како консултант на меѓународни проекти на тема општински финансии.

Интелектуална сопственост – корисникот на ангажманот ќе ги поседува сите права и сите дела создадени во врска со овој договор, вклучувајќи ги и податоците, информациите, документите, владините тајни или други сопственички права на и во врска со работата. На консултантот не му е дозволено да објавува ниту еден дел од резултатите.

6.  Процедура за аплицирање

За да биде земен предвид, заинтересираниот кандидат треба да ги достави следните документи:

  • Пропратно писмо,
  • Кратка биографија (CV),
  • Споредлива референтна листа со три слични ангажмани со податоци за контакт од 2 препораки;
  • Предложена бруто дневница во УСД, вклучувајќи ги сите трошоци.

Потребните документи треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23 мај 2022 година до 13:00 часот.

Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид за оценување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »