Комецијалист/ка за продажба ТТ - Плата 22.000 + бонус на реализирана продажба

Плата од 22.000 ден.

За компанијата: Основната дејност на Друштвото ДИВИСИО МАК Дооел Скопје е дистрибуција на вода и сокови на територијата на Скопје. ДИВИСИО МАК располага со магацински простор од 500 м2, сопствена комерција и 12 возила... повеќе за компанијата »

ДИВИСИО МАК е овластен дистрибутер на територијата на Скопје на целокупната гама на производи на КОЖУВЧАНКА, ИЗВОРСКА и SINALCO International Brands GmbH&Co.KG, Germany како и на италијанскиот производител на хемија Italchimica.

ДИВИСИО МАК ДООЕЛ - Скопје со дејност продажба и дистрибуција објавува

                                                                          ОГЛАС
                                                               за работа на позиција

                                КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА РЕОН СКОПЈЕ

 

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Познавање на работа со компјутери и MS Office;
  • Возачка дозвола Б категорија;

Одговорности и основни работни задачи:

  • Воспоставување на контакти со клиенти, со цел остварување на продажба;
  • Изработка на потребна документација;
  • Планирање и организирање на продажните активности;
  • Прием на нарачки и дистрибуција на производи;
  • Следење на продажбата и превземање на активности со цел зголемување на истата;
  • Грижа за наплата на побарувања;

Личен профил:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Организациски и аналитички способности;
  • Динамична, иницијативна и насочена кон резултати;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Посветеност, лојалност и одговорност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Позитивен однос кон промени;

Плата:

22.000,00 денари + бонус на реализирана продажба.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]

Контакт телефон: 070/393-938

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »