Приватната детска градинка “МАЛИОТ ПРИНЦ” објавува оглас за Воспитувач.
Имаме потреба од мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за подготовка и спроведување на програмата за воспитание и едукација на деца на предучилишна возраст.
Потребни квалификации:
- Дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувач;
- Важечка лиценца за воспитувач (да се нагласи во CV);
- Минимум 1 година работно искуство во формално или неформално воспитание на деца на предучилишна возраст;
- Познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;
Вештини и способности:
- Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;
- Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;
- Професионален и позитивен однос;
Што нудиме:
- Позитивна и динамична работна средина каде проактивноста е секојдневие;
- Компетитивен надоместок во зависност од искуството на кандидатот;
Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:
- Работно време на оваа позиција е 8 часа, од 9:00 до 17:00 часот, од понеделник до петок
- Локацијата на извршување на работниот ангажман е населба Козле, Скопје
Испратете го Вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов Апликација за воспитувач.
Краен рок за аплицирање: 07.12.2022