За компанијата: БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.
Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата...
повеќе за компанијата »БРАКО ВРАБОТУВА
Машински инженер одговорен за одржување на машинскиот парк
Нудиме одлични услови за работа, многу добри лични примања, платен оброк и многу други поволности за вработените.
Апликација за работните места може да доставите и на [најави се за да го видиш е-маилот] , со наведување за кое од работните места аплицирате.
ОПИС НА КОМПАНИЈАТА
БРАКО ДОО е позната македонска компанија, лоцирана во Велес, која важи за лидер во метало-преработувачката индустрија.
Од рестартирањето на компанијата во 2003 година, новиот менаџмент на компанијата е посветен на постојан раст и развој на компанијата со воведување на современи и модерни технологии во производството и иновативни методи за управување со процесите.
Денес во БРАКО функционираат 4 производствени погони во кои се произведуваат:
- Најсовремени машини за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Green Machines;
- Автоматизирани машини за разни намени кои се испорачуваат на странски пазари и сите видови на метални конструкции;
- Медицински помагала, опрема и мебел и
- Повеќе видови на жичани производи
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО
1.Машински инженер одговорен за одржување на машинскиот парк
РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Планира, организира и координира задачи за одржување согласно план и процедури за одржување;
- Изработува соодветна техничка документација и процедури за превентивно одржување;
- Води контрола на опремата, вработените и буџетот во секторот;
- Води грижа за објекти и инфраструктура;
- Контактира и координира со добавувачи на опрема и делови;
- Предложува проекти, решенија за поефикасно и поекономично работење на процеси и опрема;
- Изготвува извештаи и води документација.
ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:
- ВСС – Машински факултет,
- Пожелно е работно искуство во одржување на ЦНЦ машини;
- Познавање и искуство во хидраулични и пневматски системи;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање и искуство со CAD софтвер;
- Одлично познавање на работа со канцелариски софтвер;
- Структурален пристап и способност за расудување;
- Подготвеност за работа во динамична средина;
- Ефективност, ефикасност и одговорност при исполнувањето на обврските;
- Посветеност, мотивираност, иницијативност;
- Тимска работа и кооперативност.
Слични огласи »