Административен асистент

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Агенцијата ЕСИ за свои интерни потреби, објавува оглас за позиција:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Опис на работни задачи:

  • Вршење на пријави и одјави на времено вработените лица во релевантните институции (АВРСМ, ФЗО и сл.);
  • Изработка на целокупната документација поврзана со вработувањето (договори за вработување, анекси на договори, потврди, решенија, спогодби и други акти согласно ЗРО);
  • Водење на досиеата на вработените лица и клиентите (во електронска и хартиена форма);
  • Испраќање на пошта и водење на книга за пошта;
  • Подготовка и ажурирање на податоците во електронска база на кандидати;
  • Комуникација со клиенти и времено вработени;
  • Комуникација со релевантни институции (АВРСМ, ФЗО, ПИОМ и сл.)

Бараме:

  • Завршено Високо образование;
  • Со или без работно искуство;
  • Познавање на Англиски Јазик;
  • Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office-Word,Excel, Power Point);
  • Ориентација кон детали;
  • Висок на лична организираност.

Понуда:

  • Работа на полно работно време од 08:00 до 16:00
  • Обезбедена обука
  • Динамична работна средина
  • Фер и коректно плаќање

Своите биографии испратeте ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате или аплицирајте директно на www.esi.mk .

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
  [најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »