Специјалист за корисничка поддршка

За компанијата: Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден. Сервисот е едноставен за користење – процесот за купување и достава на нарачките е објаснет подолу: повеќе за компанијата »

Огласот е за две позиции од истото работно место. Огласот е отворен до исполнување на позициите

Аплицирајте исклучиво со испраќање на CV и кратко писмо за мотивација (до 100 збора) на [најави се за да го видиш е-маилот]

Paket.mk е најголемиот онлајн супермаркет кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија. Меѓу другото, познати сме по добрата комуникација, одличната корисничка поддршка, точноста и исполнителноста.

Имаме потреба од личност со силни комуникациски и аналитички способности која ќе биде задолжена за:

  • Комуникација со потрошувачите

  • Навремено одговарање на барањата на корисниците преку комуникациските канали (чет, емаил тикети и телефон)

  • Канализирање на пристигнатите барања од други надворешни лица

  • Решавање на проблеми и конфликтни ситуации преку менаџирање на корисничкото задоволство

  • Тековни активности поврзани со системот за достава, системот за залихи и веб продавницата

  • Влистување на нови и ажурирање на постоечките производи во системот за залихи и веб продавницата

  • Комуникација и асистенција на тимот за комплетирање на нарачките

  • Координација со тимот за навремена достава на нарачките

  • Асистирање на менаџерите од другите другите области во компанијата

  • Помош во општите канцелариски работи

Потребни вештини:

  • Тимски дух, all-round личност, проактивност

  • Завршено високо образование

  • Искуство во деловна комуникација

  • Талентираност и чувство за социјална комуникација, решавање на проблеми и пријателски пристап

  • Трпеливост и висок праг на толеранција

  • Силна желба за работа со системи за залихи, CMS, системи за достава и аналитички софтвери

  • Одлично познавање на Англиски јазик

  • Прецизност, исполнителност и чувство за детали

  • Креативност, чувство за естетика и талент за пишување

Би било одлично и доколку:

  • Имаш искуство со WordPress или Magento

  • Имаш искуство во корисничка поддршка

  • Имаш искуство со Photoshop

Поволности кои ги добиваш:

  • Работа од канцеларија

  • Службен лаптоп и телефон за комуникација со клиентите

  • Флексибилно работно време во две смени (пон - пет 8-16ч или пон - пет 15-21ч и сабота 9-19ч)

  • Фиксен месечен надоместок и можност за бонуси

  • Тековни обуки, усовршување и голема можност за напредок

Плата: 

  • 17.000 + можност за бонус до 20%, во првата година

  • Можност за унапредување

Аплицирајте исклучиво со испраќање на CV и кратко писмо за мотивација (до 100 збора) на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »