Графички дизајнер UI/UX - Intermediate и Senior

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДИВИСИОН ДООЕЛ Скопје:

Account Manager & Digital Specialist

Опис на работно место:

  • Извршување на делегираните задачи во дадениот рок
  • Изготвување на концепти, предлог дизајни со нивна финална изработка; 
  • Предавање на готовиот производ до претпоставените;
  • Креирање на интерактивни прототипови и прашалници за употреба при тестирање
  • Бенчмаркинг и анализа на сопствените веб-страници/платформи 
  • QA на развојот вклучувајќи известување за грешки и повторно тестирање
  • Во рамките на своите овластувања контактира со клиенти; 
  • Уредно водење на целокупната документација со која располага (во печатена или електронска форма) и зачувување     во соодветната база на податоци на начин што ќе се спречи било какво губење односно оштетување на истата; 
  • Врши и други работи доделени од претпоставените;


Потребни вештини:

  • Електронско портфолио со повеќе успешно развиени и имплементирани проекти
  • Одлично познавање на најдобрите практики за прилагодлив дизајн при креирање на веб дизајни
  • Одлично познавање на пакетот на Adobe (Adobe Photoshop, Adobe Illustrator)
  • Одлично познавање на алатки за Wireframing и Prototyping како Figma, Sketch и Adobe XD
  • Претходно работно искуство како веб дизајнер или UI/UX дизајнер 
  • Способност за работа со тесни рокови, управување со времето и транспарентна комуникација со внатрешни и надворешни тимови
  • Напредно ниво на англиски јазик (говорен и пишан)

 

 Потребно работно искуство:

 Intermediate 2 години работно искуство 
 Senior 5 години работно искуство



Што нудиме:

 

  • Пријатна работна атмосфера
  • Работа во тим, со поддршка и менторство од поискусни колеги
  • Можност за учење и напредок во својата област.

 

Рок за аплицирање: 28.02.2023 г

Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »