Technical Support

  • Објавен пред една недела
  • БИЛИВИО
  • Активен до 27.02.2021
  • Позиција: Програмер/информатичар/дизајнер
  • Локација: Скопје

Оглас за вработување на Technical Support Specialist

 

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот. Поради проширување на својот тим објавува конкурс за вработување на специјалист за техничка поддршка кои ќе има можност да работи на интересни проекти базирани на современи технологии во одлични услови.

 

Лицата кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Техничка поддршка, дијагностицирање и решавање на техничките проблеми на клиенти во областите на системска конфигурација, функционалност на производот, грешки и подобрувања;
  • Ескалација на проблемите до нашиот тимот за развој, координација и пренос на повратните информации помеѓу клиентите и тимот за развој;
  • Инсталација, менаџирање и одржување на компјутери, сервери и мрежна опрема;
  • Инсталација на софтверски решенија на сервери, компјутери и мобилни уреди;
  • Конфигурација на e-mail клиенти на компјутери и мобилни уреди;
  • Тимски состаноци и директна комуникација со клиенти.

 

Потребни квалификации за позицијата :

  • 3+ години искуство;
  • Работно искуство со Windows Server OS (Active Directory and domain controllers, Virtualization, Windows VPNs, Group policies, Remote Desktop Services, Webservers, etc);
  • Основно познавање и искуство со MS SQL, МYSQLQ;
  • Познавање на компјутерска мрежа, firewalls, VPN, DNS, NAT, security, etc…;
  • Познавање на антивирусни решенија;
  • Познавање на backup решенија;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

 

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [email protected]

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.