Кофацилитатор

(преземи го огласот во Word)

Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на кофацилитатор во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.  Ангажманот на кофацилитаторот е 70% ангажман од работното време за период од  9.04.2022 до 30.04.2022 и 100 % ангажираност од 1 мај до 31 декември 2022 . Овластувањата и одговорностите се наведени во Terms of references, наведен во самиот оглас на англиски јазик.

Условите за апликации се наведени во ToR кој е дел од повикот

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија), понуда за плата  и да ја потпишат декларацијата која е дел од повикот. Сите документи да ги испратат на двата e-mail  [најави се за да го видиш е-маилот]   и  [најави се за да го видиш е-маилот]   најдоцна до 4.04.2022 со назнака: „za aplikacija cofacilitator”.

Линк од огласот каде може да се симне декларацијата за непостоење на конфликт на интереси што кандидатот треба да ја достави потпишана. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »