СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБЈЕКТИ

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 

За потребите на одделот Управување со објекти и логистика потребен/а е: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБЈЕКТИ  (М/Ж) 
 
Работни задачи: 
 

  • Подготовка на програма за одржување и спроведување на тековно/планирано и непланирано одржување на објектите и инсталациите 
  • Издавање работни налози и проверка на извршени работи на техничарите за одржување на објектите како и на надворешните фирми одговорни за одржување на објектите 
  • Тековно одржување на системи за греење и ладење, водоводни и одводни инсталации, електрични инсталации, машинска опрема и столарија 
  • Учествува во кординација при проекти за реновирање 
  • Планирање, набавка, одржување и попис на канцелариски мебел и опрема 
  • Евиденција и нарачка на материјали за одржување 
  • Подготовка на тендери и учество при проверка на понуди и доделување на тендер 
  • Подготовка на инвестициона програма и програма за одржување 
  • Работата ќе се извршува на објекти на ЕВН Македонија на цела територија на државата со постојано работно место во Скопје 

 
Потребни квалификации 
 

  • VII степен високо образование (Електротехнички факултет, Машински факултет) 
  • Возачка дозвола Б категорија 
  • Познавање на странски јазик (англиски, германски) 
  • Работно искуство минимум 3 години во иста или слична област 
  • Компјутерски познавања Microsoft Office Software пакет 
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност 

 
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, најдоцна до 08.04.2019. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »