Масер(ка) / Физиотерапевт(ка) / Козметичарка во Скопје

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ?

Во Карпино вие ќе ја продолжите вашата кариера на масер(ка), физиотерапевт(ка) и козметичар(ка) и ќе станете дел од тим и компанија која ќе постави нови стандарди во областа на услугите за релаксација, здравје и убавина во Македонија и пошироко. Во вашата позиција Масер / Физиотерапевт / Козметичар, вие ќе работите на воведување на најновите достигнувања во услугите за релаксација и козметика какви досега не се видени на македонскиот пазар.

 

Вие ќе бидете одговорни за контакт со клиенти и вршење на масажа, физиотерапевтски како и козметички услуги. Kако дел од вашата успешна кариера, вие исто така ќе придонесете во развојот на компанијата преку дизајн и имплементација на нови релакс, масажни и козметички услуги по најновите светски трендови.

 

ШТО БАРАМЕ ВО НАШИТЕ ИДНИ КОЛЕГИ?

  • Ентузијазам да се стане дел од млад, посветен и високо ефективен тим на масери / физиотерапевти / козметичари
  • Повеќегодишно искуство во областа на услугите на масажа, физиотерапија и/или козметика
  • Високо образование во областа на физиотерапија (пожелно)
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Основно познавање на работа со компјутери (емаил, офис)
  • Одлични комуникативни способности, смиреност и безпрекорност во работата со клиенти
  • Позитивен дух, посветеност на работата и способност за работа во тим

 

ШТО ВИ НУДИМЕ?

Денес имате уникатна можност да станете дел од идното македонско водечко студио за масажа, физиотерапевтски како и козметички услуги и да напреднете во вашата кариера. Нашиот тим е пријателски и посветен на професионалноста на работата каде особено внимание се придава на иновативноста во услугите. Тоа е средина каде работата на секој вработен високо се вреднува и каде вашето мислење секогаш ќе биде земено во предвид. Нашето студио е лоцирано во срцето на Скопје, и моментално во изградба од врвни македонски архитекти и дизајнери. Станете дел од новата успешна приказна на Карпино. Заинтересирани?

 

ДА СТАПИМЕ ВО КОНТАКТ!

Доколку оваа позиција ви звучи интересно и ги поседувате неопходните квалификации, би ни било драго да стапиме во контакт и да ви ја презентираме оваа единствена можност за кариерен напредок. Ве молиме пратете го вашето резиме, заедно со опис на вашата заинтересираност за позицијата на нашата емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »