За компанијата: ДПТУ ВЕТЕРИНАР ДОО експорт – импорт Гевгелија е компанија основана со 100% домашен капитал, која во континуитет работи од 1990 година, постојано надградувајќи ја својата главна дејност - производство на...
повеќе за компанијата »ДПТУ Ветеринар ДОО Гевгелија, производител на свежи конзумни јајца и месо и месни преработки, вработува КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА.
Одговорности и задачи:
- Планирање и организирање на продажни активности
- Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
- Познавање и постојано следење на техничките карактеристики на производите
- Развивање и одржување на односи со клиенти, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти
- Изработка на потребна документација
Вештини и способности:
- Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Организациски и аналитички способности
- Динамични, самоиницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
- Одговорна, мотивирана и стабилна личност
- Способност за индивидуална и тимска работа
- Флексибилност за работа на терен
Потребни квалификации:
- ССС/ВСС
- Работно искуство на слична или иста позиција од најмалку 5 години
- Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
- Задолжително познавање и работа со компјутер – MS Office пакет
- Познавање на странски јазици ќе се смета за предност
Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Комерцијалист”.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Огласот е отворен 15 (петнаесет) дена.