Финансиско Друштво ОНЕ ФИНАНЦЕ ДООЕЛ Скопје е компанија која нуди брзи и едноставни решенија за микрокредитирање на физички лица. Негуваме работна средина посветена кон извонредност, иновација и интегритет. Придружете се на нашиот динамичен тим и бидете дел од компанија која го цени растот, соработката и професионалниот развој.
Работно место: Администратор на кредитни барања - 1 работно место во Скопје
Краток опис на услови, способности / вештини за работното место:
- Навремено и темелно исполнување на работните обврски
- Доверливост, лојалност и прецизност
- Познавање на MS Office
- Професионален пристап
- Комуникативност и тимска работа
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
Работни задачи:
- Навремена обработка на кредитни барања, одобрување и исплати
- Следење на распоредот за отплата на кредит и испраќање на потсетници во врска со доспеани неплатени долгови
- Обезбедување одлична услуга за клиентите со одговарање на нивните барања и решавање на прашања поврзани со кредитните сметки
- Подготовка на извештаи за статусот и успешноста на кредитите
- Соработка со тимот за обезбедување на непречено работење и задоволство на клиентите
- Помош во развојот и спроведувањето на политиките и процедурите поврзани со администрирање на кредитите
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Можност за професионален раст и развој
- Колаборативна работна средина
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
Слични огласи »