Туристички агент за корисничка поддршка со германски јазик (м/ж)

Плата од 50.000 ден.

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Откриј го светот каде туризмот допира нова димензија на услуги во која посветени тимови подготвено и ефикасно нудат корисничка поддршка на безброј патници ширум светот. Доколку зборуваш германски и истовремено негуваш интерес кон туризмот како гранка, тогаш го имаме совршениот спој за тебе! Придружи се на нашето патување околу светот, каде што секој нов работен ден е нова авантура!

 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна платa: почнувајќи од 53.200 денари;
  • Бонус за добредојде од 15.300 денари;
  • Платена обука: инвестираме во твојот успех;
  • Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
  • Можност за работа на скратено работно време по успешно совладување на 4 неделната обука која е со полно работно време;
  • Модерни канцеларии во центарот на Скопје, Охрид, Прилеп и Тетово: чувствувај се како дома додека работиш;
  • Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
  • Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
  • Проширување на твоите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
  • Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
  • Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!

 

Придружи ни се како Туристички агент за корисничка поддршка со германски јазик!

Твојот ден ќе биде комбинација од:

  • Секојдневна употреба на германскиот јазик како туристички агент за корисничка поддршка;
  • Комуникација со клиенти преку телефон, е-маил и четови во врска со туристички понуди и резервации;
  • Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети во врска со понудите и тековните резервации;
  • Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените туристички понуди;

 

Што бараме?

  • Германски гуру: задолжително течно познавање на германскиот јазик (усна и писмена комуникација);
  • Покрај германскиот, задолжително е познавање и на англискиот јазик (на основно ниво);
  • Основни познавања од работа на компјутер;
  • Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
  • Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
  • Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
  • Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
  • Претходно работно искуство во областа на корисничка поддршка се смета за предност но не е задолжително;

 

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://apply.careers.transcom.com/careers/JobDetail?jobId=2372&source=Kariera.mk
Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид. 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »