DevOps/System Administrator

За компанијата: BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во... повеќе за компанијата »

Оглас за вработување на DevOps/System Administrator

BEELIVIO е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот. Поради проширување на својот тим објавува конкурс за вработување на DevOps/ System Administrator инженер кои ќе имаат можност да работат на интересни проекти базирани на современи технологии и во одлични услови.

Администраторите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе учествуваат во:

  • Сетирање на околини за проектите на нашите клиенти;
  • Комуникација со девелопмент тимот и имплементација на нивните барање;
  • Мониторинг на околините;
  • Времено одговарање на инциденти кога ќе се случат;
  • Проактивно размислување за отстранување на потенцијални проблеми;
  • Желба за развој и надградба.

Потребни квалификации за позицијата:

  • 2+ години искуство како System Administrator/CloudOps/DevOps;
  • Искуство со CI/CD алатки како Azure DevOps, Jenkins и слично
  • Добро познавање на Windows environment;
  • Основни познавања за networking & security во контекст со Web апликации и cloud;
  • Добри комуникациски способности и желба за работење во тим;
  • Познавање на англиски јазик.

Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »