Transcom Macedonia лого

Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)

За компанијата:

Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

повеќе за компанијата »

Консултант за корисничка поддршка на германски јазик во сектор за финансиски услуги (м/ж)    

Дали зборуваш германски на високо ниво и бараш стабилна работа во динамична, брзорастечка средина? Приклучи се на нашиот тим за корисничка поддршка во финансискиот сектор и добиј бонус за добредојде од 400 € бруто износ веднаш на почетокот! Проектот на кој ќе работиш е најголемата платформа за штедење во Европа, со седиште во Германија, која секојдневно ја користат повеќе од 10 милиони корисници во 18 земји. Како што бизнисот се проширува, ќе имаш многу можности да учиш, напредуваш и се развиваш во рамки на тимот.

 

Што нудиме?

  • Бонус за добредојде од 400 € бруто износ;

  • Почетна плата од 950 ЕУР нето износ;

  • Можност за работа од дома или од канцеларија;

  • Договор за вработување на неопределено време;

  • Одлична почетна плата + бонус од перформанс;

  • Одлични можности за унапредување;

  • Платена обука и континуирана поддршка;

  • Работно време: 24/7 (во смени);

  • Полиса за приватно здравствено осигурување;

  • Придобивки од SportMaster;

  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка;

  • Онлајн центар за психолошко советување;

  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University;

 

Како Консултант на германски јазик, ќе бидеш првата контакт точка за корисниците на една од најпознатите финансиски платформи во Европа.

 

Твоја главна одговорност ќе биде обработка на влезни повици и помош на клиентите со различни прашања – од информации за сметки и трансакции, до поддршка при користење на онлајн банкарски услуги.

 

Немаш претходно искуство во финансии? Нема проблем. Преку платената обука ќе ги научиш сите потребни работи и ќе стекнеш вредни знаења од областа на банкарството и финансиските услуги, со целосна поддршка од колегите и тим лидерите.

 

Што бараме?

  • Одлично познавање на германски јазик (C1 ниво);

  • Подготвеност за учење и работа во тим;

  • Претходно искуство во корисничка поддршка е предност, но не е задолжително;

  • Стабилна интернет конекција и мирна работна средина (за работа од дома);

 

Каков е животот во Transcom?

Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »