Проектен Менаџер – за реализиација на проекти од областа на градежништвото

ДПГТУ ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ од Велес има потреба од работник на следново работно место:

 

Работна позиција: Проектен Менаџер – за реализиација на проекти од областа на градежништвото

 

Потребни квалификации:

  • ВСС (Високо образование) – Градежен или Машински факултет
  • Минимум 3 (три) години работно искуство во координирање и менаџирање на проекти од областа на градежништвото
  • Познавање на FIDIC стандарди ќе се смета за предност
  • Возачка дозвола Б категорија

Вештини и споспобности:

  • Раководни и лидерски способности
  • Одговорност
  • Самоиницијативност
  • Работа на повеќе проекти истовремено
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office и компјутерски програми
  • Способност за разрешување на проблеми
  • Добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
  • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
  • Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење
  • Познавање на деловните трендови во градежништвото, енергетиката, животната средина итн.
  •  Самостојност во работата и мотивираност за надградување.

Работни задачи:

  • Раководи и менаџира проекти, прокетни процедури и активности
  • Идентификува и оценува трендови и можности
  • Дава насоки на дејствување
  • Обезбедување ефикасна и ефективна имплементација на проектите согласно временската рамка и предвидените цели
  • Планирање, организирање, водење и контрола на градежните работи во претпријатието
  • Анализа и известување за развојот и имплементација на проектите
  • Интензивна комуникација со сите чинители на проектите
  • Обезбедување на рентабилно користење на материјалните и финансиските средства при исполнувањето на планот за градба
  • Анализа, контрола и оптимизација на трошоците
  • Изработување на периодичен, годишен и финален програмски извештај за проектите
  • Одредување и водење на оперативни и административни работи
  • Следење и надзор  на објектите во изградба  
  • Водење на евиденција за текот на градбите
  • Надзор на примената на прописите од областа на БЗР, Закон за градење и слични градежни прописи
  • Учество на саеми и различни промоции
  • Патување во и надвор од земјата
  • Постојано подобрување и континуирана иновативност во секојдневните работни активности, со цел зголемување на индивидуалните и на компаниските остварени резултати и грижа за угледот на компанијата

 

Работно време:

Распоредот на работното време на проектниот менаџер е соодветно на потребите на процесот на работа на друштвото.

Работните задачи сде извршуваат како во седиштето на фирмата така и надвор од него, односно на терен, на градилишта каде што се реализираат проектите.

Плата:

Предвидената основна нето - плата за работната позиција е 60.000,00 денари

За ова работно место се предвидени бонуси и стимулации


Рок на пријавување:

  • До 12.06.2018 година

 

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија со детални квалификации и релевантно професионално искуство, референци како доказ на претходно искуство и сертификати од поминати обуки, награди, пофалници и признанија, на: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 12.06.2018 година, со назнака за оглас проектен менаџер  - за реализиација на проекти од областа на градежништвото ”

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »